Во 2012 година талибанците се обидоа да ја убијат кога се враќала од училиште во Пакистан. Малала Јусафзаи – светски симбол на борбата за право на образование, објави дека дипломирала на Универзитетот Оксфорд.
– Тешко ми е да кажам колку сум среќна и благодарна сега кога ја добива дипломата од филозофија, политика и економија на Оксфорд – објави младата 22-годишна девојка на Твитер.
Со пораката објавила и фотографија на која се гледа како прославува со домашните.
– Не знам што ќе правам сега. Засега ќе гледам Нетфликс, ќе читам и спијам – додала Малала.
Таа беше примена на престижниот универзитет во 2017 година откако заврши средно училиште во Бирмингам. Во тој град во 2012 година пронашла засолниште со своето семејство по нападот на талибанците во кој била тешко повредена.