Францускиот претседател, Емануел Макрон, го коментираше договорот за брегзит со Обединетото Кралство, нагласувајќи дека се исплатела обединетата и цврста позиција што ја зазела Европа.
– Единството и силата на Европа се исплатеа. Договорот со Обединетото Кралство е од суштинско значење за заштита на нашите граѓани, нашите рибари, нашите производители. Ќе се осигуриме дека е така – на Твитер напиша Макрон.
Европската Унија и Велика Британија постигнаа договор за трговски односи по брегзит, седум дена пред Британија да ја напушти ЕУ. По постигнувањето на договорот, претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен, изјави дека договорот е „фер“ и „избалансиран“ за двете страни, а британскиот премиер, Борис Џонсон, рече дека Велика Британија успеала да постигне најголем трговски договор досега.