Францускиот претседател Емануел Макрон разгледува забрана на демонстрации на Елисејските полиња, информира неименуван официјален претставник на Елисејската палата.
Државниот секретар на француското Министерство за внатрешни работи Лоран Нун потврди дека полицијата не успеала да ги спречи насилните демонстрации во Париз за време на протестот на „Жолтите елеци” и истакна дека Владата настојува да се избегне повторување на тоа сценарио.