Францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел се состанаа денес во јужна Франција, ден пред клучниот самит на ЕУ на кој може да биде одобрен договорот за брегзит.
Меркел и Макрон прво ќе го посетат седиштето на компанијата „Ербас“ како симбол на европската индустриска соработка, а потоа ќе одржат билатерални разговори и седница на двете влади во Тулуз, пренесува АП.
Тие ќе разговараат за брегзит, додека претставниците на ЕУ и Велика Британија се обидуваат да постигнат договор пред самитот во Брисел в четврток, кој е последен во однос на предвидениот излез на Велика Британија од ЕУ на 31 октомври.