Украинскиот претседател Владимир Зеленски изјави дека разговарал со францускиот претседател Емануел Макрон, кој ја поддржал неговата иницијатива за обновување на преговорите на Франција, Германија, Украина и Русија, во врска со конфликтот во Донбас, во источна Украина.
Киев инсистира на нова рунда разговори на таканарчениот формат „Нормандија“, со цел изнаоѓање на решение за конфликтот во Донбас.
Зелински вчера имаше телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин во врска со загинувањето на четворицата украински војници во регионот на Донбас и го повика Путин да изврши влијание врз сепаратистите во таа област.