Еден маж беше уапсен под сомнение дека со нож нападнал пет колеги во компанија за
градежни материјали во Флорида и притоа еден од нив е со сериозни повреди, пренесува „Индипендент“. Началникот на градот Талахаси соопшти дека осомничениот Антвон Браун (41) е приведен на испрашување.
Браун бил вработен во „Дајк индустрис“, фирма која се занимава со продажба на
градежни материјали во Флорида. Поради вербална расправија на работното место, вчера му било пренесено дека е суспендиран. Според информациите на полицијата, вработените наводно ги нападнал со нож по завршување на работното време.
Петте жртви во нападот биле веднаш пренесени во болница. Од нив еден пациент е во критична состојба, двајца се со полесни повреди, а останатите двајца се во добра здравствена состојба. Началникот исто така пренесе дека вработените во фирмата успеале да го спречат напаѓачот и случајот да прерасне во поголема трагедија.
Браун избегал од местото на настанот, но набрзо бил уапсен. Според началникот на
полицијата, сторителот во фирмата работел три месеци, во средата не му бил врачен отказ и претходно немал никакви проблеми со фирмата. Мотивот за нападот е непознат.