Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека ќе ја реши ситуацијата во земјата во наредните денови.
– Некои луѓе не ја сакаат ситуацијата во Минск и на други места, што е природно. Но, тоа не треба да ве загрижува, тоа е мој проблем што треба да го решам и што ќе го решам. И верувајте ми, ќе го решиме во наредните денови – рече Лукашенко за време на разговорите со земјоделските работници, пренесува ТАСС.
Тој исто така посочи дека состојбата во земјата е исполитизирана и дека не треба да се смета за катастрофа.