Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко му нареди на Комитетот за државна безбедност да ги спречи активностите на организаторите на улични протести.
Лукашенко нареди да се откријат нивните извори на финансирање.
– Без оглед на тоа колку е тешко, мораме да продолжиме со работа и работа на максимално ниво – рекол Лукашенко.
Тој исто така наредил на Министерството за внатрешни работи да стави крај на нередите во Минск, кои избија по претседателските избори на 9 август.
Лукашенко победи на изборите во Белорусија освојувајќи 80 проценти од гласовите. Опозицијата не ги признава изборните резултати.
Следеа протести на кои имаше судири меѓу полицијата и демонстрантите а уапсени се над илјада луѓе.
Претходно денеска и ЕУ најави санкции против Белорусија, порачувајќи дека и Унијата не ги признава изборните резултати во оваа земја.