Александар Лукашенко денеска ненадејно и без најава положи заклетва за новиот претседателски мандат, пренесува државната новинска агенција „Белта“.
Церемонијата на положување заклетва, која беше најавувана како голем настан во претходните ситуации, се одржа по контроверзните резултати од изборите на 9 август.
Агенцијата наведува дека Лукашенко ја положил десната рака на копијата на Уставот и дека положил заклетва, а на церемонијата присуствувале неколку стотици луѓе.
Белорусија може да се соочи со санкции од Европската Унија и САД во врска со спорните избори и остриот одговор на властите за време на опозициските протести.
Истражителот на ОН за човекови права, Анаис Марин, минатата недела рече дека повеќе од 10.000 лица биле уапсени поради протестите и дека има повеќе од 500 пријави за тортура.