Пожарот што избувна во готската катедрала во францускиот град Нант е ставен под контрола.

Властите соопштија дека штетата не е споредлива со онаа што лани ја предизвика пожарот во Богородичната црква во Париз.

Пожарот избувнал во внатрешноста на објектот. Екипа од 70 пожарникари беше на лице место и го гасеше огнот.


Властите се сомневаат дека пожарот во катедралата бил подметнат

Пожар што избувна рано утринава во катедралата од 15 век во Нант на западниот дел на Франција, зад себе остави урнати витражи и уништени оргули, а официјалните лица се сомневаат дека пожарот бил подметнат.

Обвинителот Пјер Сене изјави дека избувнале три пожари во катедралата Свети Петар и Павле и се третираат како кривично дело, пренесува Ројтерс.

Се проценува дека штетата не е толку голема како што се чинеше на почетокот.

Засега, пожарот е ставен под контрола.