Лицето по чијашто грешка беше соборен украинскот патнички авион од страна на иранската војска, се наоѓа во затвор, изјави денеска иранскиот министер за надворешни работи, Мохамед Џавад Зариф.
– Лицето кое по грешка собори украински авион во Иран, денес е во затвор – рече Зариф, кој го спореди инцидентот со падот на иранскиот авион што беше соборен во 1988 година од оружените сили на САД.
„Вашингтон досега официјално не се извини за инцидентот. Дури и офицерот кој учествуваше во тој напад беше одликуван“, рече Зариф, пренесува „ТАСС“.
Авион на украинска компанија се урна неколку минути по полетувањето од аеродромот во Техеран на 8 јануари, пришто загинаа 176 лица, меѓу кои и граѓани на Авганистан, Германија, Иран, Канада, Украина, Велика Британија и Шведска.
Иранскиот генералштаб во изјава на 11 јануари призна дека авионот бил урнат по грешка.