Литванската влада соопшти дека ќе купи повеќе од четири милиони таблети јод во вредност од 900.000 евра, бидејќи соседна Белорусија планира до крајот на годинава да ја пушти во употреба нуклеарната централа „Астравец“.
Таквите апчиња имаат ефект на намалување на растот на радијацијата во тироидната жлезда и ќе бидат испорачани за еден месец. Тие ќе бидат дистрибуирани до граѓаните за да можат да се заштитат во случај на зголемена радијација од „Астравец“, соопшти владата.
Литванија се спротивставува на изградбата на нуклеарната централа и забрани купување струја од Белорусија. Пред десет години Литванија, која има 2,8 милиони жители, ја затвори својата единствена атомска централа.