Либиската крајбрежна стража денеска пресретна брод со 40 мигранти, меѓу кои и осум жени и деца, и ги одведе во поморска база во Триполи.
Мигрантите беа запрени во близина на брегот на западниот либиски град Зуваре. Мигрантите се од Мароко, Египет, Сирија и Нигерија.
Либија е главната транзитна област на патот на мигрантите кои бегаат од војните и сиромаштијата од Африка во Европа.