Претседателката на француската екстремна десничарска партија „Национално обединување“, Марин Ле Пен го поздрави „враќањето на слободата“ во Велика Британија.
Таа оцени дека брегзит е застрашувачки неуспех на ЕУ, која би требало да се претвори во европски сојуз на народот.
„Национално обединување“, а претходно „Национален фронт“ од 2017 година повеќе не се залага за излез на Франција од ЕУ, туку за промени внатре во Унијата.
– Велика Британија по бројни епизоди, конечно стекна слобода, А тоа е застрашувачки неуспех за ЕУ – рекла Ле Пен во Лил и додала дека е изненадена што брегзит не предизвикал многу коментари, бидејќи еден од основачите на ЕУ „тукушто им ја тресна вратата“.
Франција, Германија, Италија, Белгија, Холандија и Луксембург во 1957 година ги поставија основите на ЕУ. Велика Британија се приклучија на Унијата дури на 1 јануари 1973 година.
Марин Ле Пен оценува дека за неколку месеци и години сите ќе забележат дека Велика Британија добро постапила и дека најверојатно ќе има голема корист од излезот од ЕУ.