Европските хидрометеоролози најавуваат дека летото ќе потрае и во октомври, а во втората половина од оваа недела се очекуваат температури од седум до 10 степени повисоки во однос на просечните за овој период од годинава.
„Севир Уедр Јуроп“ (Severe Weather Europe) на својот портал објави дека многу топло време се очекува во централна Европа, каде температурите кон средината на оваа недела ќе се движат околу 25 степени, во Франција и Шпанија околу 30 и повеќе.
Следниот викенд во северна Европа се очекуваат температури за дури 15 степени повисоки од просекот.
Многу топло време се очекува и во најсеверните делови на Европа, како резултат на ширење на топлиот бран преку Скандинавија и Атлантскиот океан се до Гренланд.