Железничкиоот сообраќај ширум Франција и летовите на авиокомпанијата „Ер Франс“ и денеска се нарушени поради штрајкови.
Францускиот претседател Емануел Макрон претходно најави дека протестите нема да го спречат да ја реформира француската економија.
Железничарите го продолжија штрајкот кој има за цел периодично нарушување на сообраќајот се до јуни.
Државната железничка компанија СНЦФ соопшти дека е активен секој трет брз воз.
Вработените се незадоволни од укинувањето на специјалниот статус со кој им се овозможува да останат вработени и до крајот на животот да користат бенефити. Францускиот Парламент синоќа усвои закон кој треба да ја подготви француската железница за конкурентност. Законот е доставен на расправа во Сенатот.
Вработените во „Ер Франс“ почнаа деветти ден штрајк од февруари. Причина за штрајкот се платите, а денеска беа откажани 30 отсто од летовите.