Американскот актер Леонардо ди Каприо ги отфрли обвинувањата од бразилскиот претседател, Жаиро Болсонаро, дека поддржува организации за кои бразилските власти тврдат дека ги предизвикале пожарите во Амазонија. Претседателот не достави никакви докази, но и претходно ги обвинуваше невладините организации, критични кон неговата политика, за предизвикување на пожарите кои оваа година ја опустошија прашумата.
– Иако треба, ние не ги финансираме организациите кои помагаат, а кои бразилските власти ги обвинија за пожарите – рекол ди Каприо, кој е познат активист за заштита на животната средина.
Актерот алудирал на организацијатa „Алтер до Чао“ која од 2018 година им помага на пожарникарите во гасење на шумските пожари.
Четворица волонтери на оваа организација неодамна беа приведени во Бразил, а Болсонаро рече дека ди Каприо соработува со оние кои подметнуваат пожари.
Пожарите во Амазон, кои избувнаа во август годинава, предизвикаа глобална загриженост за „белите дробови на планетата“.