Истрагата за падот на авионот МХ17 во Донбас потсетува на случајот Скрипал, бидејќи нема докази, изјави рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, на маргините на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург.
– Тоа многу потсетува на случајот Скрипал, кога рекоа дека Русите најверојатно стојат зад тоа, а во исто време додаваат дека истрагата е во тек и оти ќе биде потребно време, рече Лавров.
Според него, тоа е како веќе видена ситуација.
– Но, нашите партнери уште еднаш одлучија да шпекулираат за смртта на стотици луѓе со цел да ги постигнат своите политички цели, што ќе го оставам на нивната совест, рече Лавров.