Целта на САД во Украина е да создадат „опасно жариште“ на напнатост на границата со Русија, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сегеј Лавров.
– Сакам да прашам кој е вашиот интерес во Украина. Не знам што бараат САД во Украина, освен што сакаат да создадат долгогодишна опасност на границата со Русија – изјави Лавров.
Според него, предлогот на специјалниот пратеник на САД за Украина Курт Волкер за распоредување воен контингент на ОН од 30.000 или 40.000 војници во Донбас значи окупација на тој регион.
Лавров вели дека Договорот од Минск предвидува многу широки мерки од одржување избори, а со акциите е предвидено на Донбас да му се додели посебен статус и спроведе амнестија.
Истовремено, тој оцени дека Франција и Германија треба да имаат поактивна улога во решавањето на проблемот во Украина, како членки на Нормандиската група.