Акциите на Вашингтон во областа на нуклеарното разоружување и неширење покажуваат дека преовладуваат американските поддржувачи на нова трка во вооружувањето, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
-По пропаѓањето на Договорот за антибалистички ракети, сега е на ред Договорот за елиминација на ракетите со краток и среден домет. После тоа, може да има проблеми со продолжување на Договорот за мерки за натамошно намалување и ограничување на стратегиското офанзивно оружје – рече Лавров.
Тој додаде дека сето тоа ќе има „катастрофални последици”, не само за оние области од меѓународниот живот кои беа регулирани со овие договори, туку и за останатите механизми во областа на нуклеарното разоружување и неширење.
Според него, ако се направи проценка за активностите на Вашингтон во оваа област, може да се заклучи дека преовладаа поддржувачите на нова трка во вооружувањето.