Британските лабуристи не се задоволни од новиот договор за брегзит и сметаат дека тој е уште полош од она што го постигнала поранешната премиерка, Тереза Меј.
– Не сме задоволни од овој договор и ќе гласаме против – рече во Брисел, Џереми Корбин, лидерот на Лабуристичката партија, најголемата опозициска партија во Велика Британија.
Корбин во изјавата рече дека судејќи според она што се знае, се чини дека премиерот Борис Џонсон преговарал за уште полош договор од оној на Тереза Меј, кој во голем дел бил одбиен од британскиот парламент, се вели во извештајот на агенцијата АП.
Велика Британија и Европската унија постигнаа нов договор за брегзит, објави денеска претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер.
– Каде има волја, има и договор – ние го постигнавме! Тоа е фер и избалансиран договор за ЕУ и Велика Британија што сведочи за нашата заложба за изнаоѓање решение – нагласи Јункер.