Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, предложи распишување на предвремени избори во земјата откако вицеканцеларот и негов коалициски партнер, Хајнц-Кристијан Штрахе поднесе оставка по она што тој го нарече политички атентат”.
– Денеска на претседателот му предложив да одржи вонредни избори во Австрија што е можно поскоро – рече австрискиот канцелар.
Курц ова го рече во вонредно обраќање до јавноста, откако беше обелоденета видео-снимка од 2017 година, на која се гледа како на наводна внука на руски милијардер, Штрахе и нуди државни работи за финансиска помош на неговата партија.
Пред седиштето на австриската влада, каде Курц се наоѓа од утринава, за предвремени избори протестираат илјадници луѓе, пренесоа австриските медиуми.