Австрискиот канцелар Себастијан Курц ги отфрли сите обвиненија поднесени против него од Обвинителството за економски криминал и корупција.
Курц за весникот „Клајн цајтунг“ и ОРФ изјави дека истрагата против него, поради сомневање за проневера, поткуп и примање мито, била измислена.
„ По кратко време, повторно се појавуваат нови обвинувања, кои, како и претходните, беа конструирани, и повторно според истиот систем – делови од СМС се користат и се ставаат во погрешен контекст. Вистината ќе излезе на виделина “- нагласи тој.
Австрискиот канцелар е под истрага поради сомневање за корупција, поткуп и примање мито, објавија обвинителите за борба против корупцијата по претресот во канцелариите на владејачката Народна партија на Австрија (ОВП), чив лидер е тој.
Обвинителството за борба против корупцијата под истрага стави уште девет лица.
Австриските медиуми објавија дека обвинителството се сомнева дека Министерството за финансии купило огласи во таблоидот „Естерејх“ во замена за известување и подобрување на анкетите на јавното мислење во корист на канцеларот Курц и неговата партија.
Обвинувањата се однесуваат на борбата во партијата помеѓу поранешниот шеф Рајнхолд Митерлајнер и Курц во 2017 година.
Истражителите веруваат дека во тоа време било објавувано истражување во корист на Себастијан Курц, а неговото опкружување ги оправдало трошоците во буџетот, претставувајќи ги како трошоци за студии нарачани од Министерството за финансии.
Истражителите се фокусираат и на поранешната министерка за семејство Софи Кармасин, портпаролите на канцеларот Јоханес Фришман, Гералд Флајшман, како и советникот на ОВП Стефан Штајнер, портпаролот на Министерството за финансии Јоханес Пасквали, истражувачите на јавното мислење Сабин Биншаб и Хелмут Фелнер.
Истражителите велат дека тој лично му дал наредба на тогашниот генерален секретар на Министерството за финансии, Томас Смит, да се организира и да преговара со „Естерејх“.