Куба објави нови детали за плановите за реформа на Владата, судството и економијата, со уставни промени кои националното собрание треба да ги одобри овој месец.
Со реформа на Уставот од 1976 година ќе се воведе функцијата премиер, со што ќе се одвојат улогите на шефот на Владата и шефот на државата.
Комунистичката партија ќе остане единствената политичка сила во земјата и во новото издание на Уставот.
Изменетиот Устав, сеоак, воведува новини во врска со слободниот пазар и приватната сопственост во кубанското општество, како и претпоставката за невиност во правосудниот систем.
Се очекува предложената уставна промена да биде усвоена на национален референдум кој би се одржал до крајот на годинава.