Мајката на основачот на „Викиликс“ Џулијан Асанж, Кристин Асанж, изјавила дека владите на Велика Британија и САД го убиваат нејзиниот син поради разотикривањето на злосторствата и корупцијата.
– Мојот син Џулијан Асанж полека, сурово и незаконски го убиваат владите на САД и Велика Британија, поради повеќепати наградувано новинарство кое открива воени злосторства и корупција – напиша Кристин Асанж на нејзиниот профил на Твитер.
Под таа објава, го додала и извештајот на известувачот на ОН за прашања за тортура и мачење, кој се заложил за прекин на колективниот прогон на Асанж. Известувачот рекол дека никогаш во неговото 20-годишно работно искуство не видел група демократски држави да се здружат и заедно намерно да изолираат и нарушат достоинство на еден човек.
Основачот на „Викиликс“ моментално се наоѓа во затвор во Лондон. Сите што го посетиле рекле дека здравјето му е лошо, пренесе „Раша тудеј“, додавајќи дека минатата недела го посетил новинарот Џон Пилџер, кој рекол дека неговата состојба се влошува и дека го третираат полошо од убиец.
Моментално на Асанж му се заканува екстрадиција во САД, каде го товарат за поседување и ширење доверливи информации.