Суд во градот Симферопол на Крим денеска им одреди притвор од два месеци на 12 од 24-те украински морнари, кои Русија ги задржа минатиот викенд по инцидентот кај Керченскиот Теснец, јави ДПА.
Судот им го одреди притворот под обвинеие за илегално преминување на границата со закана за насилство.
Доколку бидат прогласени за виновни по ова обвинение, украинските морнари може да добијат затворска казна во траење до шест години.
Останатите 12 задржани украински морнари ќе бидат изведени пред Судот во текот на утрешниот ден
Инцидентот се случи во неделата кога руската армија отвори оган врз три украински воени брода, кои се обиделе од Црното Море да влезат во Керченскиот Теснец. По вооружениот инцидент, руските сили ги задржаа украинските бродови заедно со 24-ца членови на нивните екипажи.