Сè уште е можно да се одржи посебен состанок на рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Доналд Трамп на маргините од самитот на Г-20 во Осака, но досега Вашингтон официјално не предложил да организира таков состанок во Москва, изјави прес-секретарот на Путин, Дмитриј Песков, во интервју за РТ.
-Ние сé уште не знаеме дали ќе се случи овој состанок или не, бидејќи официјално не беше инициран од американската страна, рече Песков.
Песков потсети дека на состанокот со Путин во Сочи, американскиот државен секретар Мајк Помпео зборуваше за потенцијална подготвеност за одржување на состанокот, но тоа не е причина да се одржи состанок.
Според портпаролот на Кремљ, таквите разговори мора да се иницираат на официјално ниво. Тој не даде директен одговор што ќе го направи Путин ако Трамп го предложи состанокот, но верува дека одговорот е јасен.
-Кога претседателот Путин нешто ќе каже, тој го кажува тоа и кога нешто мисли, навистина го мисли тоа. Тоа е она што го знам сигурно, истакна Песков.
Претходно, Трамп изјави дека е подготвен да се сретне со рускиот лидер на самитот на Г20 во Осака, што се одржува од 28 до 29 јуни. Подоцна, рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, на заедничката прес-конференција со американскиот државен секретар, Мајк Помпео, по разговорите во Сочи изјави дека Москва ќе го поддржи предлогот за одржување на ваков состанок ако е официјален.