Нападите станаа редовен месечен настан со предвдлива шема – на ракетите упатени од Газа се одговара со воздушни напади од страна на Израел. Палестинците се кријат во подруми, додека израелците ги активираат своите засолништа. Со секоја сигнална ракета се очекува почеток на војна, но следниот ден таа војна е веќе завршена.
Како што констатира британски „Гардијан“, Израел и Хамас (палестинската фракција која владее со појасот Газа на источниот брег на Медитеранот на локација меѓу Израел и Египет), во изминатата година играат крвав танц со предвидлив крај.
Во неколку различни конфликти, ниту една страна не го искористи својот целосен капацитет и воен арсенал. Но, и двете страни остануваат во константна позиција на готовност, подготвени во секој момент на уште еден воен судир.
Од израелската армија рекоа дека во последните 12 месеци спровеле околку 900 напади врз цели во Газа, додека Хамас истрелале повеќе од 1.200 ракети од минофрлачи. Од друга страна, за време на овој период, немаше земјена интервенција од страна на израелската армија на територијата Газа.
– Последните напади започнаа во понеделникот, кога ракета истрелана од Газа уништи дом на семејство во северниот дел на Тел Авив. Одговорот на Израел беше со воздушни напади и погоди неколку згради во Газа, а тоа повторно ги предизвика милитантите да упатат неколку ракети, по што израелците пак одговорија со нови авионски бомбардирања. Веќе следниот ден (вторник), локалните медиуми пренесоа, по којзнае кој пат, дека е воспоставена „напната смиреност“ меѓу двете страни – пишува „Гардијан“.
Во време кога се случија нападите, ситуацијата во двете земји не е најстабилна. Хамас се соочува со најголемите јавни внатрешни несогласувања од нивното доаѓање на власт во 2007 година. Минатата недела, безбедносните сили насилно ги прекинаа митинзите на паленстинското населените во Газа против зголемувањето на даноците, а при акцијата уапсија и претепаа дузина учесници. Експертите велат дека лидерите на Хамас често пати во минатото намерно го провоцирале Израел за да го свртат вниманието од нивните неуспеси.
Од другата страна пак, во Израел се закажани избори за две недели. Опонентите на премиерот на државата Бенјамин Нетанјаху ги искористија моменталните случувања со Газа за да го претстават како неодлучен и слаб во однос на безбедносните прашања.
За да ги побие овие тврдења, Нејтанјаху кој е 13 години на власт, направи сериозни напори за да покаже дека е подготвен воено да се справи и да ги искористи воените сили.
– Хамас треба да знае дека ние нема да се двоимуиме да влеземе во Газа и да ги преземеме сите неопходни чекори – предупреди тој. И, во обид да ја покаже својата исклучителна воена моќност, армијата на Израел ја погоди канцеларијата на лидерот на Хамас, Исмаил Ханијех.
Овој потег не ги убеди израелските партии дека премиерот е подготвен да ја држи безбедноста на Израел на високо ниво. Десничарот Нафтали Бенет го обвини Нетанјаху за неуспех во борбата против Хамас и рече дека тој ќе кога би бил на власт би ги отворил „вратите на пеколот“ за нив.
Дури и првиот противник на Нетанјаху, Бени Ганц, кој се смета за центрист во Израел, играше на картата дека тој во 2014 година срушил цели населби во Газа додека бил прв човек на армијата за време на последните три војни во кои Израел војуваше со Хамас.
Премиерот пак, според „Гардијан“, ги гледа овие конфликти како воено неефективни и политички многу скапи. Последниот воен колфикт заврши со 2.200 загинати Палестинци, од кои повеќе од половина беа цивили, но и со 73 загинати на израелската страна.
Анкетите покажуваат дека Израелците не сакаат уште една војна со Хамас.