Египетските сили за безбедност убија 11 милитанти во престрелка за време на претрес на нивно засолниште во Ал Ариш, главен град на провинцијата Северен Синај.
Египетските власти не го открија идентитетот на убиените, ниту пак прецизираа дали имало жртви меѓу припадниците на безбедносните сили.
Милитантите го користеле засолништето како база за извршување непријателски операции и кај нив биле пронајдени оружје и експлозив.