На вчерашната четиричасовна седница на Европскиот самит не е договорено назначување на кандидат кој ќе го замени Жан-Клод Јункер како претседател на Европската комисија (ЕК), прашање кое сè уште останува отворено, пренесува Би-би-си.
Јункер, кој е на чело на Комисијата од 2014 година, треба да ја предаде функцијата на крајот на октомври оваа година.
– Мило ми е што гледам дека не можат лесно да ме заменат – изјави на шега шефот на ЕК во заминување.
Европскиот совет ќе се обиде да избере нов кандидат на 30 јуни.
Минатомесечните Европски избори го поделија Европскиот парламент (ЕП) на 28-те земји членки, што сега дополнително го компликува донесувањето на одлуките. Кандидатот треба да добие одобрување токму од парламентот, а новоизбраните пратеници ќе се сретнат на втори јули.
ЕК предлага нови европски закони, ги спроведува правилата на блокот и работи со трговските договори. Засега, според, Би-би-си, можни кандидати за наследници на Јункер се Маргрете Вестагер, Манфред Вебер, Франс Тимерманс, Ска Келер, Мишел Барние, Марк Руте, Далиа Грибаускаите, како и германската канцеларка Ангела Меркел.
Следниот обид за избирање на кандидат од страна на лидерите на ЕУ ќе биде на 30 јуни, а во јули е гласањето во ЕП на номинраниот претседател. Новозибраниот шеф на ЕК ќе ја преземе функцијата во ноември оваа година.