Во најновиот извештај на генералниот инспектор на Пентагон пишува дека одуката на американскиот претседател Доналд Трамп брзо да ги повлече трупите од Сирија и да го пренасочи вниманието од дипломатските односи со Ирак, ненамерно помогнало за регрупирање и враќање на Исламската држава (ИД) во Сирија и Ирак, јавува „Бизнис инсајдер“.
Во кварталниот извештај на Министерството за одбрана до Конгресот за ефективноста на американската операција на Блискиот исток наречена „Својствено решавање“ стои дека „ИД ја продолжува својата транзиција од сила која окупира територии во сила која започнува бунтови во Сирија, и го зголемува своето влијание во Ирак“, иако Трамп изјави дека ИД и нивниот калифат се целосно уништени, пренесе „Вол стрит журнал“.
– Голем број на официјални лица и експерти континуирано предупредуваа дека брзото повекување на трупите на САД од Сирија би можело да им овозможи на ИД добри услови за преоѓање во бунтовничка група, по нивните големи порази од коалицијата предводена од Америка – пишува американскиот медиум.
Според „Бизнис инсајдер“, ИД во моментов има од 14 до 18 илјади борци кои спроведуваат атентати, самоубиствени напади, предизвикуваат пожари и штети на населението и слични терористички акти во Ирак и Сирија. Сега стратегијата на ИД е различна од обидите за освојување на територија како во 2014 година, но заканите за цивилното население во двете земји е многу големо.
Згора, ИД повторно почнува да генерира приходи од изнуди од населението преку киднапирања и разлчни методи за изнудување на пари преку откуп. Децентрализираниот метод на генерирање на приходи, за разлика од класичниот даночен систем кои тие го спроведуваа за време на калифатот, за властите создава нови проблеми при следење на средствата.