Четири лица загинаа, а едно е во критична состојба откако денеска паднала корпа од туристички балон во Албакерки, во американската држава Ново Мексико, објавија локалните власти.
Балонот удрил во далновод некаде по 7 часот по локално време, додаваат властите, а корпата со патниците се откачила од балонот и паднала, објави Еј-би-си њуз.
Балонот продолжил да лета понатаму, а полицијата се обидува да го лоцира.
Еден од загинатите е пилотот.
Повредениот бил пренесен во болница.
Во еден дел од Албакерки 13.000 домаќинства немаат струја, објави локалниот медиум КОАТ.