Јужна Кореја пријави 48 нови случаи на заразени со коронавирус, повеќето од нив поврзани со сектата Црквата Шинчеонџи, што е значително зголемување на бројот на случаи, по кое се зголемува стравот од брзото ширење на епидемијата.
Со најновите случаи, во Јужна Кореја скоро се удвоија на 204 од 104 од вчера, според соопштението на Корејските центри за контрола и превенција на болести.
Повеќе од две третини од вкупните случаи се поврзани со регионална гранка на религиозна секта Црквата Шинчеонџи во јужнокорејскиот град Даегу, според Корејските центри за контрола и превенција на болести.
Основачот на црквата Ли Ман-хе ја нарекол епидемијата „дело на ѓаволот за спречување на брзиот раст на Шинчеонџи“, во интерната порака објавена денес од јужнокорејската новинската агенција Јонхап.
Градот Даегу и околните области се прогласени за „специјални зони за згрижување“ по зголемениот број на случаите на заразени, соопштија властите.
Болницата во округот Чондо оддалечена околу 32 километри од црквата, објавила 15 случаи на заразени, вклучувајќи го и првиот смртен случај на заразен од вирусот во земјата.