Бројот на починати лица од коронавирусут во САД се зголеми на 12. Од 12 починати, 11 се од Вашингтон и еден е од Калифорнија, пренесува Ројтерс.
Коронавирусот во САД се шири брзо и досега има над 200 потврдени случаи на болеста.
Компаниите „Фејсбук“, „Гугл“ и „Мајкрософт“ чие седиште е во Сиетл, но и многу други помали фирми од сојузната држава Вашингтон, им наложија на своите вработени да работат од дома.