Црква во парохијата Хегсбо во Гетеборг организираше концерт за поддршка со цел да собере пари за неколку десетици деца на Исламска држава поврзани со Шведска, оставени во камповите за бегалци на Блискиот Исток, објави националниот радиодифузер СВТ.
Парохиската свештеничка во Хегсбо, Лина Вестберг, рече дека било очекувано да ги отвори вратите на црквата за оваа цел.
– Со задоволство излегуваме во пресрет ако жителите на парохијата имаат желби и оваа ситуација е многу важна за самата црква – рече Вестберг.
Како што и самата признала, жителите на парохијата сакале да се фокусираат на сите деца од Шведска чии родители биле во Исламска држава, а чиј број се проценува помеѓу 60 и 80, и да бидат вратени дома.
– Ние сакаме да работиме за тие да се вратат во Шведска – рече Вестберг.
Во исто време, имало конкретни напори за собирање средства за да им се помогне на седумте сирачиња на починатиот џихадист и терорист Михаел Скрамо, познат по неговото исламско име Абу Ибрахим ал-Сваиди. Скрамо, кој беше прогласен мртов во март 2019, често го нарекуваа најопасниот терорист во Скандинавија.
Концертот се одржал во саботата вечерта во црквата во Хегсбо за да се соберат пари за дедото на Скрамос, Патрицио Галвез, чии неодамнешни напори за враќање на неговите внуци ги глорифицираше СВТ. Галвез во моментот е во ирачкиот град Ербил, каде што неговите седум внуци биле пренесени од Багуз во Сирија до шведскиот конзулат во Ирак.
На социјалните мрежи многумина беа крајно критични за учеството на Евангелско-лутеранската црква на Шведска и севкупниот став кон настанот.
– Се прашувам дали шведската црква посвети дури десеттина од своето време на христијанските жртви што ќерката на Галвез и нејзиниот маж ги заклале, силувале, убиле и мачеле во Ирак и во Сирија? – напишал огорчен корисник.
Шведската црква е позната по својата либерална позиција за прашања како хомосексуалноста и беше прва што назначи лезбиски бискуп. Црквата претходно беше под жесток напад за својот истакнат промигрантски став и отиде дотаму што обезбеди засолниште за илегалните мигранти.