Конго прогласи крај на 11. епидемија на ебола, овојпат во западната провинција Екватор, скоро шест месеци по пријавувањето на случаите. Ова е првпат Конго да немa ебола во период од околу две и пол години, објави АП.
Министерот за здравство, д-р Етјен Лонгондо, заедно со Светската здравствена организација, ја објави официјалната декларација дека нема да има нови случаи повеќе од 48 дена.
Според СЗО и Министерството за здравство, евидентирани се над 55 смртни случаи, 119 потврдени случаи, додека 75 лица оздравеле од прогласувањето на епидемијата на 1 јуни.
Лонгондо го повика населението да биде внимателно и да продолжи да ги почитува хигиенските мерки со цел да се избегне оживување на еболата, но и да се спречи ширењето на коронавирусот.