Американскиот претседател Доналд Трамп сноси голема одговорност за тоа како се претставуваат медиумите и неговите ставови би можеле да ги повредат новинарите и во другите држави, изјави денеска високиот комесар на Обединети нации за човекови права Зеид Рад ал-Хусеин.
– Претседателот би требало да знае дека на своите раменици носи голема одговорност за начинот на кој ги претставува медиумите. Имајќи во предвид дека тоа има демонстративен ефект, другите лидери во авторитарните средини ќе почнат да го прават истото. Видовме до сега како го имитираат претседателот Трамп, така што тешката ситуација во други држави би можела да стане уште потешка за новинарите, за да најдат свои приказни, а адвокатите и бранителите на човековите права да ја работат својата работа – посочи Зеид.
Тој веќе силно ги критикуваше поради кршење на човековите права САД, Израел, Кина, Мјанмар, Унгарија, Сирија и Јордан.