Првиот афроамерикански државен секретар на САД, Колин Пауел, почина на 84-годишна возраст, јавуваат светските медиуми.
Неговото лидерство, како што е истакнато, помогна во обликувањето на американската надворешна политика во последните години на минатиот век и на почетокот на овој.
Колин Пауел почина од компликации откако се зарази со ковид-19, соопшти неговото семејство.
Пауел беше професионален војник чија кариера од борбената должност во Виетнам го доведе до позицијата прв советник за национална безбедност на крајот на претседателството на Роналд Реган.
Неговата популарност скокна за време на Заливската војна и извесно време во средината на 90-тите, многумина мислеа дека ќе стане првиот црн претседател на САД, пишуваат медиумите во светот.