Кинеското Министерство за надворешни работи ја оквалификува денешната експлозија близу американската амбасада во Пекинг како „изолиран инцидент“.
– Пекиншката полиција брзо и соодветно се справи со ситуацијата – изјави портпаролот на кинеското МНР Гин Шуан.
Полицијата во Пекинг претходно потврди дека Цјан Моумоу (26) од Внатрешна Монголија, област во Кина, го поставил експлозивот. При експлозијата повредена е неговата рака и одведен е во болница.
Претходно, локалните медиуми информираа дека маж се обидел да фрли преку оградата своерачно изработена експлозивна направа, но таа предвреме експлодирала.
Очевидци за ТАСС изјавија дека момчето стоело на крајот на редицата за подавање документи во центарот за визи при американската Амбасада, со намера да замине во Лос Анџелес.