Американската војска повеќе не е водечка воена сила во Азија, и напреднатата технологија при развивањето на ракетите на кинеската армија би можела многу лесно да ги надвладее Американците во регионот, стои во најновиот извештај на универзитетот од Сиднеј, а објави Си-ен-ен.
Научниот центар при овој универзитет во Австралија предупреди дека одбранбената стратегија на САД во индо-пацифичкиот регион се наоѓа „криза без преседан“ и Американците би можеле да имаат проблем во случај да треба да ги одбранат своите сојузници при евентуален конфликт со Кина.
Тоа значи дека Австралија, Јапонија и другите партнери на САД би морале да ги развијат и рефокусираат нивните сили во регионот, а притоа да разгледаат можности за соработка со САД за да ја осигураат нивната безбедност, стои во истражувањето.
Извештајот ги потенцира областите каде армијата на Кина прави огромни чекори и голем напредок во споредба со САД и нивните азиски сојузници и партнер, а главно станува збор за ракетното оружје.
– Кина распореди значителен број на ракети и други системи за контра-интервенции за да го преземе воениот примат од САД во регионот. Станува збор за илјадници ракети – велат од научниот Центар.
Речиси сите воени американски воени инсталации во западниот Пацифик, како и оние на клучните партнери и сојузници би можеле да бидат целосно бескорисни во првите часови на започнување на потенцијален конфликт, тврди извештајот.
Министерството за надворешни работи на Кина изјави дека не е запознаено со извешајот, но портпаролот Генг Шуанг истакна дека воената политика на Кина „по природа е одбранбена“.
– Кина е на црвст пат на мировен развој и нашата национална политика по природа е одбранбена – истакна Генг.
Пентагон и властите во САД сè уште немаат коментар за извештајот.