Европскиот комесар за безбедност Џулијан Кинг изјави дека земјите од Европската унија ќе мораат заеднички да се борат против ширењето на екстремистички содржини преку Интернет.
– Секој терористички напад на европско тло во изминатата година е поврзан со ширењето терористички содржини на интернет, изјави британскиот еврокомесар, кој ги повика земјите од ЕУ да ги координираат своите активности во оваа сфера.
Кинг воедно ја предупреди Европа да не се опушта по успешната борба против џихадиситчката група Исламска држава (ИД) во Сирија и Ирак.
Еврокомесарот оцени дека опасноста од терористички напади во Европа се уште е многу висока, и така ќе остане во догледно време.