Кина ја забрани трговијата со диви животни на пазарите, супермаркетите, рестораните и интернет просторот заради појавата на коронавирусот, соопшти Министерството за земјоделство и Бирото за шумарство.
Сите места за одгледување диви животни треба да бидат изолирани и нивниот транспорт да биде забранет, се вели во соопштението.
Забраната е на сила од денес, јави „Ројтерс“.
Вирусот, кој инфицираше над 2.000 луѓе ширум светот и остави 56 луѓе мртви во Кина, е откриен на рибниот пазар во Вухан, каде илегално биле продавани и диви животни.