Кина распореди крастосувачки ракети на три островски области во Јужно Кинеското море, јави Си-Ен-Би-Си.
Медиумот се повикува на неименувани извори добро запознати со американските разузнавачки извештаи, според кои, по оценка на разузнавањето на САД, ракетите биле распоредени изминатите 30 дена на три острови од островската група Спратли.
Американското министерство за одбрана соопшти дека „не коментира прашања поврзани со разузнавањето”.
Кина тврди дека воената инфраструктура на Спратли е чисто одбранбена.