Светскиот сервис на Би-би-си (BBC World News) e забранет во Кина, јавија кинеските државни медиуми.
Потегот на властите во Пекинг е одговор на чекорот на британскиот медиумски регулатор Офком кој и ја одземаа лиценцата за работа на кинеската CGTN телевизиска мрежа во Британија.
Кинеската национална администрација за радио и телевизија (НРТА) забраната ја соопшти денеска наведувајќи дека извештаите на Би-би-си „ги прекршиле барањата – вестите да бидат вистинити и фер, и поради прекршувањата им штетат на националните интереси на Кина и го нарушуваат националното единство на Кина“.