Кина забранува испити за ученици на возраст од шест и седум години, соопшти Министерството за образование. Промената се воведува како дел од напорите да се спречи прекумерниот стрес кај учениците.
Според новите правила, дури и постарите возрасни групи на ученици од основно училиште треба да полагаат испити само на крајот од секоја учебна година.
Кина неодамна воведе серија правила за олеснување на учениците. Беше донесена одлука учениците да имаат помали задачи. Наместо да седат дома, тие треба да спортуваат повеќе.
Кон крајот на јули владата објави и реформа на приватниот образовен сектор. На образовните институции им е забрането да предаваат на ученици за време на викендите. Приватното образование за деца под шест години ќе биде целосно укинато.
Кинеските државни медиуми коментираат дека ова е чекор за да се обезбеди поправеден образовен систем.
Досега студентите чии родители не можеа да платат за дополнителна скапа школарина беа во неповолна положба од оние што можеа.