Кина остро одговори со обвинувања за американскиот претседател Џо Бајден дека предизвикува идеолошки поделби како од времето на студената војна.
– Демократијата долго време е оружје за масовно уништување што го користат САД за мешање во други држави – рече портпаролот на кинеското Министерството за надворешни работи, кој исто така го обвини САД дека „поттикнуваат шарени револуции“ во светот.
Кинеското министерството, исто така, тврди дека дводневниот виртуелен самит, на кој Кина, Русија и Унгарија се изоставени, бил организиран од Соединетите Американски Држави за се да повлече црта на идеолошките предрасуди, да се инструментализира и вооружи демократијата, како и да се поттикнат поделби и конфликти.
Пекинг вети дека одлучно ќе се спротивстави на сите видови на т.н. псевдодемократии. Пред самитот, Кина ја засили својата критика кон САД, потенцираќи дека американската демократија е корумпирана и неуспешна.
Пред виртуелен самит, Вашингтон неколку пати негираше дека ќе има нова студена војна со Кина, но недоразбирањата помеѓу двете најголеми светски економии продолжжуваат за повеќе прашања, вклучително трговијата, технолошката конкуренција, човековите права, Ксинџијанг и Тајван.