Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун изјави дека го прифати предлогот на САД да ги ослободи и да ги помилува американските државјани, кои беа во затвор во Северна Кореја, додавајќи дека претстојниот самит со американскиот претседател ќе биде прв чекор кон подобрување на ситуацијата на Корејскиот Полуостров, јави севернокорејската новинска агенција КЦНА.
КЦНА наведува дека Ким постигнал задоволувачки консензус со американскиот државен секратар Мајк Помпео, кој претстојуваше во вторникот во Пјонгјанг.
– На состанокот (со Помпео) имаше длабинска расправа за практичните прашања за самитот Северна Кореја – САД. Ким Џонг-ун постигна задоволувачки консензус за прашањата за кои разговараше со америкаскиот државен секретар- наведува КЦНА.
Исто така се посочува дека Ким „ја прифатил официјалната сугестија“ на американскиот претседател да ги ослободи тројцата Американци, кои една година беа во севернокорејски затвор.
– Помпео му пренесе на Ким устна официјална сугестија од Трамп, по што Ким изјави дела цени што американскиот претседател покажува интересирање да се реши проблемот со дијалог, истакнува КЦНА, не наведувајќи детали од пораката.