Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун го напушти хотелот Капела во Сингапур, веднаш по историската средба со американскиот претседател Доналд Трамп.
Конвојот на Ким го напушти хотелот и се упати кон аеродромот поради летот за Пјонгјанг.
Американскиот претседател Доналд Трамп остана во Сингапур, каде набрзо ќе одржи прес-конференција на која ќе појасни што содржи документот кој го потпишаа со Ким.