Севернокорејскиот диктатор Ким Јонг-ун нареди да бидат конфискувани кучињата- миленици во главниот град на земјата велејќи дека тие претставуваат западна „декаденција“ – но нивните сопственици стравуваат дека милениците се всушост упатени кон нечија трпеза, пренесува „Њујорк пост“.
Ким ја издаде директивата во јули да се соберат милениците, тврдејќи дека тие се дел од „расипаниот“ тренд на буржуаската идеологија, изјавил извор за англиското издание на јужнокорејскиот весник „Чосун Илбо“.
– Обичните луѓе одгледуваат свињи и добиток на нивните тремови, но високите службеници и богатите чуваат кучиња-миленици, што предизвикаа незадоволство меѓу пониските класи. Властите идентификуваа домаќинства со кучиња-миленици и ги принудуваат да се откажат од нив или принудно да им ги конфискуваати да ги успијат – рече изворот.
Но, додека угнетувачкиот режим вели дека овој потег е за уништување на капиталистичката екстраваганција во Пјонгјанг, сопствениците на кучиња стравуваат дека со оглед на недостигот на храна во Северна Кореја – и традицијата за јадење месо од кучиња – директивата е наменета само за да ги нахрани масите.