Севернокорејскиот лидер Ким Jонг-ун претседаваше со состанокот на Централната воена комисија на кој било одлучено да се суспендираат сите планови за воена акција против Јужна Кореја.
Како што пренесе „Ројтерс“, тензиите меѓу двете Кореи пораснале во последно време бидејќи некои јужнокорејски групи најавиле дека ќе преземат пропагандна акција со испраќање летоци на север.
Една јужнокорејска група минатата ноќ испратила во Северна Кореја 20 огромни балони со 500.000 летоци, 2.000 банкноти од еден долар и мали книги за Северна Кореја од пограничниот град Паџуа.
Сеул најави правна акција против таа група поради загрозување на националната безбедност.
Таа акција Пјонгјанг ја оцени како кршење на договорот меѓу двете земји за непреземање акции, кои би можеле да доведат до воена конфронтација. Акцијата одговорила со поставување на околу 20 звучници преку кои ќе се емитуваат пропагандни материјали, долж границата со Јужна Кореја, што е околу половина звучници отстранети во 2018 година.